Што да очекувате?


Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат 12 извонредни предавачи од Германија, Словенија, Австрија, Хрватска, Македонија, Србија и од Босна, кои ќе пренесат 12 практични примери од својата област на работење.

Овој настан ќе трае два дена, 20 – 21 Мај 2021 од 11:00 – 16:00, и ќе бидат обработени 12 различни теми од областа на производство, јавен сектор, логистика, дистрибуција, личен развој, контролинг во човечки ресурси, Business Intelligent софтвер за поддршка на контролингот, анализа на KPI, креирање и анализа на менаџерски извештаи по IBSC стандарди итн. Секоја тема ќе биде обработена од домашни и од меѓународни стручни лица.

Во овие два дена ќе се обидеме да решиме многу дилеми, сомнежи, прашања и грижи, кои се поврзани со секојдневното управување на организациите и на работните процеси.


За кого е наменета конференцијата?


Конференцијата е наменета за сите сопственици на бизнис, контролери на сите нивоа на менаџмент, менаџери на сите организациски нивоа, сопственици на деловни процеси, аналитичари, стручњаци за ИТ што работат на деловни решенија за поддршка на контролинг и известување (BI, DW, планирање), финансиски и сметководни менаџери, и сите други што сметаат дека треба да го применат новиот начин на управување на компаниите со кој ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста.


Детали за конференцијата


  • Котизација за настанот: 100 € (6.200 ден.), за пријава и уплата до 15.03.2021 г., цената е 80 € (4.960 ден.), за членови на ICV цената е 80 € (4.960 ден.), за студенти и за невработени цената е 60 € (3.720 ден.), за пријавени повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст.
  • Пријава и информации на: info@controlling.mk; контакт: 389 71 334 845;
  • Пристап до конференцијата ќе имаат сите тие што се регистрирале и извршиле уплата до наведениот рок, секој учесник добива поединечен линк за поврзување;
  • Комуникација ќе се изведува на: англиски, хрватски, босански, српски и македонски јазик;
  • Конференцијата ќе биде отворена 30 мин. пред почетокот;
  • Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници, по завршување на конференцијата;
  • Нема да биде дозволено снимање на настанот;
  • Секој учесник ќе може да комуницира со говорниците преку пишана комуникација (via chat) и одговорот ќе го добие на истиот начин;