Што работиме?


Мисијата на компанијата Контролинг Бизнис Центар е развој на контролингот и негова имплементација во секојдневниот живот на компаниите со цел долгорочна инволвираност на контролингот како во приватниот така и во јавниот сектор.

Пријави се »

Контакт


Контролинг Бизнис Центар
ул. 1612 бр. 5, 1000 Скопје
(+389) 71-334-845
info@controlling.mk

Што е тоа контролинг?

Контролингот е советник на една модерна организација. Во современиот начин на управувањето со компанијата, на менаџментот му се нуди контролинг, кој во пракса е веќе докажан како една од најважните функции во решавање на конкретни проблеми на компаниите.

Едукација - Контролинг Академија

Нашата компанија е партнер на најдобрата светска школа за контролинг, Германската CA CONTROLLER ACADEMIE од Минхен. Оваа програма се развива континуирано од 1970 година, а до сега успешно ја завршиле над 60.000 учесници од целиот свет. Програмата на CA Controller Akademie, е заверена од страна на IGC (International Group of Controlling) – која е главно тело за мерење на квалитетот на обуките од областа на контролинг

Клуб на контролери

Главна активност на контролинг клубот е да бидете во друштво со најдобрите контролери за само 9,9 еур (600 ден) по еден состанок или годишна чланарина од 99 еур (7.200 ден). Конртолинг клубот им овозможува на членовите за таа цена да ги слушнат највновите вести од областа на финансии и контролинг.


Што е тоа контролинг?


Контролингот на менаџментот му дава стручна поддршка, истовремено му помага во процесот на одлучување, водење и управување со компанијата. Тој се развива глобално, неговата еволуција се случува пред нашите очи, неговата модернизација исто така е глобална, а ние го користиме локално. Знаењето се пренесува низ цел свет, потребно е само да се имплементира. Контролингот денес е партнер на менаџментот, негов економски советник. Контролингот овозможува поквалитетно управување со идните случувања и дава одговор на конкретни прашања – какви се трендовските вредности и што можеме да очекуваме во иднина, во кои производи повеќе треба да се вложува, а кои производи треба да се напуштат, кои купувачи треба во иднина да се избегнуваат, кои пазари да се развиваат, на кој начин компанијата да се финансира, дали и понатаму да се задолжува итн...

На пазарот победуваат фирми кои во секој момент имаат информации, а деловните процеси им се под контрола!

Според резултатите од истражувањата- во работната практика, контролингот овозможува дирекно намалување на трошоците во распон од 8-15% годишно. Другите придобивки од воведувањето на контролинг се препознаваат во форма на чиста организација, модерен сметководствен систем кој ги обезбедува сите потребни податоци, детектирање на пореметувањата во најраните фази во било кој сегмент на работењето, подобри и поквалитетни менаџерски одлуки, поквалитетно управување со човечки потенцијали, побрзи приспособувања на промените и значајно поголема конкурентност.

Воведувањето на контролинг бара одредени предуслови, мултидисциплинарни знаења и конкретен план за развој. За правилен развој на контролингот, потребни се едуциран контролор, модерно и развиено сметководство и адекватна ИТ подршка за спроведување на процесот.

Користа од добро поставениот контролинг, е многу поголема од вложувањето!!!

Контролингот е филозофија на управување врз база на економска логика и рационалност, збир на знаења кои се потребни на една компанија, врз база на многуте податоци од компанијата и надвор од неа, да прибереме оптимален број информации кои се потребни да можат менаџерите квалитетно да одлучуваат. Заинтересираноста на менаџментот е клучна и најважна. Ако тоа менаџментот го дозволи, контролингот може да има улога на најдобар економски советник кој може да го има компанијата.

Контролингот е внатрешниот глас и здравиот разум на компанијата.

Опседнатоста на контролингот со иднината на компанијата овозможува полесно соочување со реалноста особено кога доаѓаме до сериозни отстапувања со планираното. Контролерот истражува дали предвидените цели се реално достижни, испитува кои се причините кои довеле до тоа и ги враќа во правилен колосек. Доколку се утврди дека не сме на добар пат – покренува преиспитување на стратегијата.

Не е доволно да ги бомбардираме менаџерите со информации. Информациите треба добро да се разберат – од каде доаѓаат, што ни покажуваат односно како правилно да се искористат. Компанијата треба да развие квалитетен однос спрема контролингот како “ единствен извор на вистината” со што значително се унапредува комуникацискиот систем во компанијата. Контролерот е одговорен за квалитетот на информациите, а менаџерот за квалитетот на одлуките кои се темелат врз основа на добиените информации.

Какви се мислењата на одредени контролери и менаџери за контролингот:

To be a excellent Controller? I believe in: "Open your mind and watch what nobody sees"
John Araújo, controller at Soja de Portugal

"Controlling is like a playing a bend. We should work together and hear what others saying"
Alexsander Sorcha, Business Controlling Coordinator Central Europe, Ramirent Poland

"А controller does not hide behind figures but is always on the way to the customers- as a consultant and partner of the management."
Dr.Dr.h.c. Albreht Deyhle, Founder of the Controller Akademie

"Today it is no longer sufficient to provide management with the bare figures in order to warn of the iceberg. The controller must support management to find ways to avoid the iceberg"
Dr. Georg Henen CFO, Bosch Rexroth AG


Едукација - Контролинг Академија


Обуката во Контролинг Бизнис Центар се спроведува според лиценцираната програма на Controller Akademie Munich , со што слушателите по завршувањето на првите три модули се стекнуваат со меѓународно признат сертификат CA, овој сертификат понатаму ја отвара вратата за Diploma Controller Akademie, која слушателите може да ја стекнат во Германија (Controller Akademie Munich), по завршување на последните 2 модули, со најдобрите тренери и консултанти од областа на контролинг Dietmar Pascher и Klaus Eiselmayer.

Dietmar Pascher

Тренер и консултант за имплементација на контролинг, кој истовремено е лиценциран партнер и тренер на Controller Akademie Münich.

Klaus Eiselmayer

Тренер и консултант за имплементација на контролинг, кој истовремено е лиценциран партнер и тренер на Controller Akademie Münich.


CA сертификат (Програма)


Модил 1: Контролинг и контролер

Во првиот модул се прави сеопфатен преглед на најважните методи во контролерската пракса поврзани со елементи за изградба на контролинг системот, пресметка на контрибуциска маржа, корпоративно планирање, мерење на успешноста на управувањето со профитните и трошковните центри како и функцијата на контролерот во самата компанија.

Содржина на Модул 1:

  • Контролингот како дел од управувачките процеси во компанијата
  • Управувачко сметководство
  • Корпоративно планирање
  • Организација на профитен центар
  • Функција на контролерот

Цели на модулот: Слушателите во првиот модул ќе се запознаат со најважните функции и техники на контролинг системот, добивање на глобална слика за контролинг системот во компанијата во целина и начин на комуницирање со инструментите на контролинг системот.

Модул 2: Алати на контролинг и финансии

Вториот модул ни носи практична применана на алатиките од контролинг од еден поинаков агол. Спремете се за пракса! Во овој модул теоретското знаење го применуваме во пракса со што слушателите се спремаат за сопствено управување со работните алатки.

Содржина на Модул 2:

  • Алати на контролинг системот
  • Zero Base Budgeting (ZBB)
  • Activity Based Costing (ABC)
  • Имплементација на контролинг во компанија

Цели на модулот: Комплетно разбирање на имплементацијата и управувањето на контролинг системот во компанијата. Од слушателите се очекува самостојно да изградат платформа за известување на резултатите по профитни и трошковни центри и да осигураат транспарентност на резултатите во компанијата.

Модул 3: Планирање со помош на контролинг

Во третиот модул се посветува посебно внимание на управување со работните показатели на целата организација поврзувајќи го делувањето на вработените со стратегијата, визијата и мисијата на организацијата преку моделот на Balanced Scorecard. Значењето на човечкиот фактор е во фокусот на овој модул. Планот е во секојдневниот живот.

Содржина на Модул 3:

  • Balanced Scorecard
  • Стратешки состанок
  • Контролинг во HR (Human resources)

Цели на модулот: преку практична примена слушателите се спремни за имплементација на стратегијата на компанијата и поставување на систем на вредности. Бидејќи организациската култура е еден од најважните фактори за имплементација на контролинг, во овој модул, слушателите комплетно ќе развијат систем на поставување на KPI.

Контролингот Ви носи многу практични решенија – како да донесете правилна деловна одлука за Вашиот бизнис брз основа на вистински податоци, како да ги проверите условите за набавка, производство или продажба, како да ги анализирате и елиминирате нерентабилните купувачи и пазарни сегменти, како да го балансирате знаењето и компетенциите на вработените, континуирано унапредување на знањето за управување со работниот капитал, како да развивате деловни извештаи со јасна проекција за деловните активности, едноставно на пазарот победуваат компаниите кои ги имаат информациите на дланка.

Академијата за контролинг е наменета за сите сопственици на компании, контролери, вработени во сметководство, data base аналитичари, менаџери на продажба, набавка, маркетинг, логистика, производство, HR како и сите останати заинтересирани за контролинг. Наставата се одвива 30% теоретски дел, 70% практичен дел. Во текот на самата академија слушателите дополнително ќе добијат практично искуство од областа на excel за контролинг менаџери, Business Intelligence Software за подршка на контролинг итн.

Програмата се одвива во 3 модули со вкупен фонд од 96 часови, согласно програмата на CA Controller Akademie Munich

Цената на Академијата за контролинг изнесува 950 еур (58.520 денари).

Слушателите на Академијата за контролинг добиваат бесплатно членство во единствениот клуб на Контролери во Македонија!

Митка Мојсовска

Предавач на првите 3 модули на Академијата за контролинг е Митка Мојсовска , долгогодишен тренер и имплементатор во областа на контролинг, која повеќе од 10 години во континуитет ги следи и имплементира искуствата од регионот и Европа. Митка Мојсовска е единствен лиценциран тренер и партнер на Controller Akademie Munich, во Република Северна Македонија. Пријава и контакт: Митка Мојсовска - mitka@controlling.mk


CA Диплома


Модул 4: Reporting & Communication for Controllers ( предавања на англиски јазик)

Повеќе информации на следниот линк

Модул 5: Presentation & Moderation for Controllers ( предавања на англиски јазик)

Повеќе информации на следниот линк

Предавачи на модул 4 и модул 5 се Dietmar Pascher и Klaus Eiselmayer.


Деловни анализи и извештаи


EXCEL за контролери

2 дена интензивна обука со практична примена, наменета за контролери, аналитичари и менаџери. Excel – от е традиционална алатка за контролерите кој никогаш не излегува од мода! По завршувањето на оваа обука:

  • го забрзувате процесот на известување во компанијата
  • драстично ќе ја унапредите визуелизацијата и интерактивноста
  • го намалувате времето потребно за внесување и обработка на податоци

Содржина на програмата

  • Модул 1: Напредни Excel функции
  • Модул 2:Работа со податоци
  • Модул 3:Увоз на податоци и надворешни извори на податоци
  • Модул 4: Графикони и визуализација
  • Модул 5: Pivot табели
  • Модул 6: Power pivot
  • Модул 7: Goal Seek
  • Модул 8: What if анализа
  • Модул 9: Case study – Изработка на пример "предлог за плаќање"
  • Модул 10: Case study – Изработка на пример за cash flow извештај и cash flow forecast
  • Модул 11: Case study – Изработка на rolling forecast

Цената на Обуката EXCEL за контролери, изнесува 200 еур (12.300 денари).

POWER BI

2 дена интензивна обука, која е наменета за:

  • сите оние кои на било кој начин манипулираат со податоците во било кој облик,
  • сите оние секојдневно користат excel за собирање, обработка, анализа и известување на податоци

Потребно е да понесете, свој компјутер со:

  • excel 2013 или 2016
  • Power Query add-inn za Excel 2013
  • Power BI Desktop
  • Со следните office 2016 пакети: Professional 2016, 365 Pro Plus, 365 E3, 365 E5

Содржина на програмата

  • Модул 1: Power Query
  • Модул 2: Power Pivot
  • Модул 3: Power Pivot
  • Модул 4: Power BI Desktop

Цената на Обуката за POWER BI, изнесува 300 еур (18.400 денари).


Клуб на контролери


Членовите се професионалци, кои доаѓаат од најголемите компании кои се од областа на финансии и контролинг, но секој оној кој сака да дознае повеќе информации може да стане член. Состаноците се одржуваат десет пати годишно од 17:00 до 20:00 и на секој состанок ќе има говорници од најразлични индустрии исклучиво луѓе од пракса како што се CFO, Head of controlling, Sales controller, factory controller, HR controller, reporting manager и слично. Темите на состаноците се:

  • Како изгледа контролингот во мојата компанија
  • Sales controlling
  • Анализа на финансиски извештаи
  • Reporting
  • HR контролинг
  • Буџетирање
  • Business intelligence за подршка на контролинг
  • Примери од пракса на компаниите
  • Business case итн.

Личен бенефит од членство во Контролинг клубот:

  • Networking со најдобрите контролери и CFO
  • 10 бесплатни состаноци годишно
  • Најнови вести од областа на финансиите и контролинг
  • Клубот активно помага на колегите да пронајдат нова работа
  • 5% попуст на сите обуки